More

    ОН: Потона брод со мигранти во близина на Јемен, најмалку 49 лица загинаа, по 140 се трага

    spot_img

    Најмалку 49 лица загинаа, а 140 исчезнаа кога брод со мигранти потона во близина на брегот на Јемен, соопшти денеска Меѓународната организација за мигранти (ИОМ).

    ИОМ, агенцијата на Обединетите нации за миграциски прашања, во соопштение наведува дека на бродот имало околу 260 лица од Сомалија и Етиопија. Почнаа од северот на Сомалија преку Аденскиот Залив.

    Агенцијата наведува дека потрагата по исчезнатите е продолжена, а досега се спасени 71 лице.

    Меѓу загинатите има 31 жена и шест деца.

    Јемен е главната рута за мигрантите од Источна Африка кои се обидуваат да стигнат до земјите од Заливот за работа.

    И покрај граѓанската војна во Јемен, бројот на мигранти кои пристигнуваат годишно се зголемил за три пати од 2021 до 2023 година, од околу 27.000 на повеќе од 90.000, објави ИОМ минатиот месец.

    Во Јемен моментално има околу 380.000 мигранти.

    Шверцерите ги носат луѓето низ Аденскиот Залив и Црвеното Море по опасни патишта во преполни чамци и бродови.

    Меѓународната организација за мигранти наведува дека на таа рута загинале повеќе од 1.800 луѓе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img