More

    ОН ги повика талибанците да ги запрат јавните камшикувања и егзекуции

    spot_img

    Само во изминатите шест месеци, 274 мажи, 58 жени и две момчиња биле јавно камшикувани во Авганистан, се наведува во извештајот на Мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан (УНАМА).

    „Физичкото казнување е кршење на Конвенцијата против тортура и мора да престане“, рече Фиона Фрејзер, шеф на агенцијата за човекови права. Таа, исто така, повика на итен мораториум на егзекуциите, пишува Асошиетед прес.

    Министерството за надворешни работи на Талибанците како одговор рече дека авганистанските закони се поставени во согласност со исламските правила и упатства и дека огромното мнозинство Авганистанци ги следат тие правила.

    „Во случај на конфликт меѓу меѓународното право за човекови права и исламското право, владата е должна да го следи исламскиот закон“, се вели во соопштението на Министерството.

    Талибанците почнаа да спроведуваат такви казни веднаш по доаѓањето на власт пред речиси две години, и покрај првичните ветувања за поумерено владеење отколку за време на нивниот претходен мандат во 1990-тите.

    Првото јавно камшикување по преземањето на Талибанците беше пријавено во октомври 2021 година во северната провинција Каписа, се вели во извештајот.

    Во тој случај, една жена и еден маж осудени за прељуба биле јавно камшикувани по 100 пати во присуство на верски научници и локалните талибански власти, се наведува во извештајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img