More

    Омбудсманот ќе бара одговори зошто доцни издавањето документи

    spot_img

    До Народниот правобранител се поднесени претставки од граѓани во врска со патните документи кои мора да се сменат со новото име на државата до 12 февруари годинава. Претставките главно се однесувале на неможноста да се закаже термин и за надоместокот за трошоци за обновување на документите. По нова година пристигнале и претставки дека граѓаните не можат да ги добијат документите во рок од осум дена.

    Народниот правобранител Насер Зибери во интервју за „Радио Слободна Европа“ најавува дека ќе побараат одговор од МВР зошто се доцни со издавањето на документите. Тврди дека има недостиг на обрасци за двојазичните патни исправи, а мисли дека има недостиг и на обрасци за другите документи.

    – Овие претставки почнаа да пристигнуваат по нова година и ние ќе се обратиме до МВР зошто се доцни со издавање на веќе изготвените, претпоставувам дека се изготвени тие патни исправи и ќе реагираме. Во одредени неофицијални разговори добив информација дека има недостаток на обрасци. Со сигурност тврдам дека има недостаток на обрасци за двојазични патни исправи, но мислам дека има недостаток и на обрасци за други документи – вели Зибери.

    Прашан дали планира да се кандидира повторно за претседател, Зибери вели дека не планира и дека се откажал и од можноста да биде премиер во последните три месеци.

    – Не, дефинитивно, не. Јас се откажав и од можноста да бидам премиер во последните три месеци, така што во однос на мојот политички ангажман ставив точка – вели Зибери, додавајќи дека му било понудено да биде технички премиер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img