Олимписката победничка, американската атлетичарка Лоло Џонс е позната како една од најжешките спортистки и е трикратна светска шампионка, која настапувала на Летните и Зимските олимписки игри.
Лоло Џонс (42) пред повеќе од 10 години признала дека сè уште е девица, а ситуацијата досега не е променета. Имено, Џонс откри како страда во љубовниот живот, бидејќи не сака да има секс пред брак.
– Се обидов со луѓе од различни сфери, дури и со колеги спортисти, но секогаш следеше раскинување и моето срце се кршеше. Одлучна сум во тоа првпат да имам сексуален однос во бракот, но не можам да го најдам вистинскиот човек – рече Лоло Џонс во едно интервју.
– Тоа беше грешка, ми ги уби сите состаноци со момчињата потоа. Немав шанса, порано секогаш размислував: „Добро, како да му кажам, дали да чекам да ме запознае како личност или дали само да ја фрлам бомбата“ – објасни таа.
Убавата спортистка размислувала за тоа како околината често ја задева за нејзината одлука.
– Потешко е од тренинзите за Олимпијадата. Беше потешко да се остане девица пред брак отколку да се заврши факултетот. Бев во искушение, имав многу можности – рече Џонс, кој сега е во Париз и продуцира меѓународно ТВ шоу со олимпијците.
Таа во Париз деновиве го прослави својот 42 роденден.
ФОТО: Инстаграм