Олимпијадата, покрај спектакуларниот почеток, започна си со грешки и со гафови

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Олимпијадата, покрај спектакуларниот почеток, започна си со грешки и со гафови.

За време на парадата, спортистите од Јужна Кореја синоќа по грешка беа претставени како Северна Кореја.

Прес-службата на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) објави извинување за погрешното име на Јужна Кореја на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.

„Би сакале длабоко да се извиниме за грешката што се случи при претставувањето на делегацијата на Јужна Кореја за време на церемонијата на отворањето“, соопшти ИОК на официјалните социјални медиуми на корејски јазик.

Исто така, олимпиското знаме беше обесено наопаку за време на отворањето на Игрите во 2024 година во Париз.

Знамето беше неправилно фиксирано на јарболот, поради што се издигаше со два прстена нагоре, а не со три, како во класичната верзија.

Олимписките игри се одржуваат во Париз од 26 јули до 11 август.

Share This Article