Олимпиецот Георгиевски гневен поради одлуката на АМС

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
CHIBA, JAPAN - JULY 27: Silver medalist Dejan Georgievski of Team North Macedonia poses with the silver medal for the Men's +80kg Taekwondo on day four of the Tokyo 2020 Olympic Games at Makuhari Messe Hall on July 27, 2021 in Chiba, Japan. (Photo by Maja Hitij/Getty Images)

Таеквондистот Дејан Георгиевски го постигна најголемиот успех за Македонија на Летните олимписки игри во Токио, откако го освои сребрениот медал, а потоа беше избран и за најдобар спортист во 2021 година, но и покрај тоа Агенцијата за млади и спорт (АМС) изненадувачки не го награди со најголем ваучер.

Ова предизвика реакција од македонскиот олимпиец, кој беше разочаран од одлуката на АМС и смета дека бил понижен неговиот олимписки успех, но и покрај тоа не се откажува и најави дека ќе се бори во Париз за златниот медал.

– Почитувани драги пријатели,

Фала му на Господ тренирам како никогаш до сега, живеам за моментот кога повторно ќе ја израдувам Македонија, роднините, пријателите, целиот народ! Тренерите, клупските другари сите сме фокусирани на Париз, ние сме одлучни, Господ ќе реши.

Овој пат сакам да се обратам токму на мојот народ, на новинарите, на сите оние кои се радуваа заедно со мене кога стигнавме до историскиот сребрен медал, се обраќам до сите оние кои конечно по долгиот олимписки мрак видоа светлина за македонскиот олимписки спорт, до сите што се почувствуваа горди и исполнети, до сите оние кои кога го видоа македонското знаме на олимпискиот трон се почувствуваа македонски!

Очекувано бев прогласен за најдобар спортист во 2021 година, но ни малку неочекувано денес дознав дека спортските ваучери кои ги доделува АМС т.е вчерашната одлука за ваучери се надевам несвесно цели да го понижи мојот НАШИОТ олимписки успех, мојот олимписки сребрен медал, прв во историјата на независна Македонија.

Никогаш нема да си дозволам да нападнам било чиј спортски успех, најпрво затоа што така ме воспитале моите тренери, а потоа зашто многу добро знам што значи спортскиот витешки мегдан, без разлика за кој спорт станува збор. Но никако не можам да разберам како кој било друг спортист во овој момент може да има поголема финансиска добивка со спортски ваучер од мојот успех, никој здраворазумен во нашата држава нема да најде здрава логика во ова што беше направено вчера од страна на комисијата за доделување ваучери при АМС. Срамно!

Не сакам ни да помислам дека станува збор за намерно и свесно напаѓање на сребрениот олимписки медал, уште помалку не сакам да помислам дека во сето ова е вмешана политика или нешто слично. Само сакам уште денес оваа неправда да биде решена, ова го барам исклучително од принципиелни причини, барам за да го одбранам со крв донесениот историски сребрен медал од Токио, барам јас Дејан Георгиевски олимпискиот сребрен медалист, но сакам заедно со мене да побарате и СИТЕ ВИЕ затоа што овој успех, овој олимписки медал, овој остварен олимписки сон ни припаѓа на СИТЕ НАС, и никој, апсолутно никој нема право да фрли сенка на истиот.

Од принцип сега за сега не сакам да навлезам и да посочам на јавноста низ какви премрежија од институциите поминував пред да го освојам олимпискиот медал, веројатно ќе дојде момент и за тоа.

- Advertisement -
Ad image

Никогаш парите не ми биле мотив, мотивот ми е Македонија! Одиме во Париз, одиме по ЗЛАТО – напиша Георгиевски.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply