More

    Олеснети кредитни услови и зголемена побарувачка од граѓаните

    spot_img

    Условите за кредитирање ќе се олеснуваат, побарувачка на кредити од страна на домаќинствата ќе расте  – ова се дел од очекувањата на банкарите што се нотирани во новата Анкета за кредитната активност, пишува Порталб.мк. На крајот од 2021 та вкупните кредити изнесувале скоро 6,3 милијарди евра – од нив скоро 52 отсто се кредити одобрени на физички лица а останатите 48 отсто се кредити на корпоративниот сектор.  Лани регистриран е пад на каматите на кредитите.

    На крајот од декември 2021 та година домаќинствата во банките должеле 3,24 милијарди евра. И лани регистриран е раст на кредитната активност на домаќинствата, со најголем раст на потрошувачките и на станбените кредити.

    – Гледано на годишно ниво, кредитите на домаќинствата се зголемени за 7,8 отсто, како резултат на растот на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари. Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај потрошувачките и станбените кредити како најзастапени категории е забележан годишен раст од 7,2 отсто и 15,5 отсто, соодветно“ – наведуваат од Народната Банка.

    Кредити дадени на физички лица

    Потрошувачки кредити                     1,71 милијарди евра

    Станбени кредити                              1,10 милијарди евра

    Кредитини картички                         166,2 милиони евра

    Негативни салда                                  95,7 милиони евра

    Автомобилски кредити                       3,8 милиони евра

    Други кредити                                       42,3 милиони евра

    Извор: НМБ

    Според анализата што ја направи Порталб врз основа на податоците, лани граѓаните се потрудиле да ги намалат долговите на кредитните картички додека пак се зголемил долгот на негативните салда. Конкретно, кредитите одобрени на кредитни картички на годишно ниво се намалиле за 8,5 отсто, од друга страна негативните салда на тековните сметки се зголемиле за 1,5 отсто. Голем раст од цели 32,5 отсто е регистриран кај кредитите одобрени по други основи.

    Ланската година помина во знакот на олеснување на условите за кредитирање на физичките лица и според банкарите овој тренд се очекува да продолжи и во оваа 2022 та година.

    „За првиот квартал од 2022 година, банките очекуваат натамошно нето-олеснување на кредитните услови кај кредитите на домаќинствата. Кај каматната стапка на станбените и потрошувачките кредити и понатаму се забележува нето-олеснување. Од аспект на останатите кредитни услови, провизиите (кај станбените кредити) и некаматните приходи (кај потрошувачките кредити) и понатаму забележуваат нето-олеснување, но посилно кај провизиите во однос на претходната анкета. Обврските за обезбедување кај станбените кредити забележуваат натамошно нето-заострување“, оцениле банарите за потребите на Анкетата и посочиле дека конкуренцијата меѓу банките е клучен фактор кој го дикатира трендот на олеснување на кредитните услови.

    Во декември прсечната каматна стапка на кредитите за домаќинства изнесувала 5,18 отсто  а на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,28 отсто.

    Кредитната активност на фирмите со поголем темпо од физичките лица – на крајот од минатата година корпоративниот сектор во банките по основ на кредити должел 2,99 милијарди евра.

    „Во декември  вкупните кредити на корпоративниот сектор8 остварија месечен и годишен раст од 3,1 отсто и 8,7 отсто, соодветно. Анализирано според валутата, остварен е раст на кредитите во денари и во странска валута, со поголем придонес на денарските кредити во месечната и во годишната промена“, соопштија од НБМ.

    За разлика од лани – годинава, според оценките на банкарите, се очекува намалување на побарувачката на кредити од страна на фирмите иако од друга страна се очекува олеснување на кредитните услови.

    „За првото тримесечје на 2022 година, банките очекуваат мало нето-намалување на кредитната побарувачка од страна на претпријатијата. За првиот квартал од 2022 година, банките очекуваат умерено нето-олеснување на кредитните услови за одобрување корпоративни кредити“, се наведува во Анкетата.

    Во декември 2021 та просечната плата на вкупните одобрени кредити на корпоративниот сектор изнесувала 3,48 отсто со намалување за 0,24 отсто на годишно ниво.

    Кредити одобрени на корпоративен сектор

    Вкупно кредити                                                        2,99 милијарда евра

    Кредити во денари                                                  1,85 милијарди евра

    Кредити во странска валута                                   1,14 милијарди евра

    Извор: НМБ

    Најголем дел или 62 отсто од кредитите на фирмите се во домашна валута додека остантите 38 се во странска валута. Во банкарската 2021 година годишниот раст на вкупните кредити изнесувал 8,3 отсто.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img