Олаф Шолц, Емануел Макрон и Марио Драги го посетиле Киев за да го објават кандидатскиот статус за ЕУ на Украина, тврди советник во украинското МВР.
„Според мои извори, Макрон, Шолц и Драги ни носат кандидатура за ЕУ и барање да се вратиме на преговорите со Путин“, напиша Виктор Андрусив на Телеграм.
Според него, тројцата лидери ќе побараат од Зеленски да се врати на преговарачката маса со Москва.
Во моментов тројцата лидери се на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. За средбата рускиот челник Дмитиј Медведев иронично коментираше дека „љубителот на жаби, на колбаси и на шпагети отишле да се начукаат со вотка во Киев“