More

    Тренчевска соопшти некои детали од новиот комбиниран модел на пресметка

    spot_img

    Измените во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, со кои се воведе нова методологија на усогласување на пензијата преку комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата и 50% пораст на трошоци на живот ќе иснесува е отсто.

    Ова, како што соопшти министерката за труд и социјлана политика Јована Тренчевска го покажале првичните анализи, според кои  усогласувањето ќе придонесе кон раст на пензиите над 6% и ќе придонесе кон подобро усогласување на висината на пензиите со трошоците за живот.

    Тренчевска зголемувањето го кажа на дводневната министерска конференција во Рим, Италија, во организација на УНЕЦЕ, Постојаната работна група за стареење на УНЕЦЕ и Владата на Италија.

    Министерката Тренчевска денеска  учествуваше на  панел дискусијата на сесијата организирана од Владата на Бугарија и Регионалната канцеларија на Фондот за население на ОН (УНФПА), на тема „Зајакнување на демографската отпорност преку искористување на можностите од стареењето на населението“.

    Во своето излагање министерката се осврна на социјалните и економски политики кои држава ги реализира, а имаат за цел подобрување на квалитетот на живот на старите лица.

    – Како Влада и како министерство, грижата за највозрасната категорија на граѓани е наш приоритет и одговорност. Тоа се рефлектира низ носење на нови законски решенија, мерки и социјални услуги со кои придонесуваме во подобрување на квалитетот на живот на старите лица – рече Тренчевска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img