Околу 40.000 пациенти во Македонија се заразени со хепатит

Lorita
By Lorita
5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Со примена на современи дијагностички методи преку скрининзи навреме ќе се откриваат и лекуваат болестите на црниот дроб. Тоа е целта на националната јавно-здравствена кампања за подигнување на свеста, превенција, рана дијагностика и елиминација на вирусните хепатити и црнодробниот карцином што се спроведува по повод 28 јули, Светски ден на борба против хепатитис. Околу 40.000 пациенти во Македонија се заразени со хепатит. Во рамки на превентивната програма за годинава се спроведува скрининг за хепатоцелуларен карцином.

Во рамки на кампањата денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје од 10 до 13 часот е поставена мобилна амбуланта, со што им се овозможува на граѓаните бесплатен и анонимен скрининг. Од 18 до 20:30 часот мобилна амбуланта ќе биде поставена во Куманово, а во следните период таква амбуланта ќе има и во Тетово, Гостивар, Струга, Охрид, Битола, Прилеп, Штип и во Гевгелија. Граѓаните кои ќе дојдат добиваат стручен совет и, ако е потребно, ќе бидат упатени кон понатамошна специјализирана грижа.

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека овие програми се многу битни за нив како институција и се дел од нивните политики во здравствениот систем.

– За жал, пациентите треба со месеци да чекаат за да добијат резултат што е надвор од скрининг програмата. Можеби може да се детектираат деформации во моментот, а се чека пет-шест месеци за резулата. Во меѓувреме, болеста можеби поминува од едно во друго ниво. Ќе вложиме напори за да може технички и инфраструктурно да се подобри Мој термин, односно времето за чекање  резултат. Работиме паралелно и да се намали листата на термини за преглед. Наскоро на прес-конференција ќе ја соопштиме новата методологија, која е при крај и новиот начин на креирање термини за преглед на пациенти – додаде Алиу.

Директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, рече дека Светскиот ден за борба против хепатитис не е само ден за подигнување на свеста, туку и ден за јавен повик.

– Во нашата држава живеат илјадници пациенти со хепатитис и не знаат дека го имаат. Крајно време е скрининзите за хепатитис да бидат воведени и да ги има во поголем број за да може навреме да се открие болеста и да може соодветно да се лекува. Со поддршка на Министерството за здравство треба да се воведе рана дијагностика и да се инвестира во здравствените политики за да може пациентите да имаат и пристап до современата терапија. Тоа може да го направиме ако имаме добра волја и визија со поддршка на Министерството за да се воведе во здравствената политика и третманот кој е малку скап, но со заеднички сили може да влијаеме – додаде д-р Цана.

Директорката на Клиниката за гастроентерохепатологија, Мери Трајковска, истакна дека станува збор за многу важна иницијатива за откривање на хепатитисот кој се смета за тивок убиец. Таа посочи дека околу 40.000 пациенти се заразени со хепатит.

– Тоа што е последица на хроничниот хепатит е развој на цироза на црниот дроб која пациентите не ја чувствуваат и на крај доаѓа развојот на хепатоцелуларниот карцином. Годинава, благодарение на Министерството за здравство почнавме скрининг програма за рано откривање на хепатоцелуларниот карцином која вклучува прво откривање на пациенти со хепатит Б и Ц, а потоа и нивно редовно скринирање за да го спречиме развојот на цирозата, на хроничната болест и на хепатоцелуларниот карцином. Во денешно време има терапија и за хепатит Б и Ц и битно е да се направи скрининг на загрозената популација, на луѓето кои работат, на здравствените работници, на корисниците на дрога, сексуалните работнички и на затворениците – додаде д-р Трајковска.

Претседателот на здружението Хепар Центар Битола, Милан Мишковиќ му се заблагодари на министерот што Комисијата при Министерството одобрила терапијата за хроничен хепатит Б да биде на позитивната листа и посочи дека следниот чекор е Фондот за здравствено осигурување да ја прифати таа програма и се надеваат дека до крајот на годинава ќе има позитивен резултат.

- Advertisement -
Ad image

– Голем број од овие пациенти ако не се третираат навреме добиваат карцином на црниот дроб. Во моментов на Клиниката за гастроентереохепатологија и на Инфективната клиника има терапија за хроничен хепатит Ц, но еве имаме можност да добиеме и терапија за хроничен хепатит Б, која е од големо значење за нашата популација, а која голем број од пациентите ја набавуваа од Албанија, Косово и Турција – рече Мишковиќ.

Share This Article