Полскиот заменик-министер за внатрешни работи Павел Шефернакер денеска нагласи дека 100.000 луѓе ја преминале границата кон Полска од Украина од почетокот на руската инвазија оваа недела.
– Од почетокот на војната во Украина до денеска, долж целата граница со Украина, 100.000 луѓе ја преминаа границата од Украина во Полска – изјави Сефернакер при посета на пограничното село Медика, во југоисточна Полска.
Фото: МИА