More

    ОХРИД ПРЕТСТАВЕН НА САЕМОТ ЗА ТУРИЗАМ И СПОРТ ВО ПРИШТИНА

    spot_img

    Општина Охрид од 27 до 28 aприл учествува на Саемот за туризам и спорт кој се одржува во Приштина, Р. Косово. Помеѓу голем број на излагачи од регионот, штандот на општина Охрид предизвика голем интерес како од туристички така и од спортски аспект.

    Штандот го посетија заменик министерката за култура и спорт на Косово, претседателот на олимпискиот комитет на Косово, престседателот на туристичка комора на  Косово и др. Посетителите покажаа интерес за туристичката понуда на Охрид, а воедно и за спортските активности кои се одржуваат во Охрид.

    Посебна промоција се направи за новиот спортско-туристички настан „Ohrid Water Festival“, кој во Охрид ќе се одржи од 18 до 27 август, при што беа остварени средби со организации од областа на спортот кои би зеле учество на активностите во рамките на Фестивалот.

    Саемот е одлична можност за презентација на туристичката понуда на косовскиот пазар како и можност за остварување на соработка и на спортски план. Покрај овој Фестивал, промовирани беа и други спортски настани кои во наредниот период ќе се одржуваат во Охрид, како Охрид Трчат, фудбалски, кошаркарски турнири и други спортски манифестации.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img