More

    Охрид и Преспа претворени во Потемкинови села под изговорот УНЕСКО

    spot_img

    Реконструкцијата на падниот правец Охрид – Граничен премин Свети Наум,ја доживува истата судбина како изградбата на автопатот Охрид – Кичево.Доколку поминуваат и десет години од изградбата на автопатот Охрид –  Кичево ,а крајот никако да се догледа, зошто според експертите доколку се оди со ваква динамика на градба оваа делница ќе се гради и наредни 10 години ,а може и слободно да влезе во Гинис како најскапа делница по должен километар во светот.

    Истата судбина ја дели и реконструкцијата на патниот правец Охрид – Граничен премин Свети Наум,чија реконструкција секогаш е во устата на партијата на власт пред изборно, додека реализација нема никаде…!!!

    Од страна на Јавното претпријатие „Државни патишта“ крајниот рок за реконструкција на оваа делница беше легендарниот 15-ти септември,но истата никако да започне.За потсетување делницата Охрид – Граничен премин Свети Наум изградена е во давнешната 1954 година ,а асфалтната подлога на потег село Пештани – село Љубаништа изградена е давнешната 1954 година и од тогаш па се до ден денешен , асфалтот на оваа делница воопшто не е реконструиран или обвновен!!!

    КОГА СЕ НЕМА ЖЕЛБА ИЛИ ЛИЧЕН ИНТЕРЕС,ВЛАСТА СЕ ПОВИКУВА НА УНЕСКО?!

    Од поодамна политички Охрид и Ресен се поставени на картата на маргинализирани општини,каде владеат Потемкини села! Едноставно кога е потребно било какваинвестиција во овој дел на Македонија,секој започнат проект застанува со некакво си оправдување ,дека истите го стоира УНЕСКО и наводните екологисти???

    Но всушност вистината е сосема поинаква ,а таа е дека никаде во ниту еден извештај комитетот на УНЕСКО не стопира патна инфраструктура, ниту патната инфраструктура е непожелна во било кој Национален парк,а не пак во НП Галичица. Доколку се погледнат сите национални паркови како во соседството ,така и во цел свет ,ќе се увиде дека тие поседуваат соодветна еколошка современа патна инфраструктура,како дел од понудата на националните паркови ,зошто тие постојат како би можеле граѓаните да уживаат во природните убавини и преставуваат најголеми туристички центри.

    Од страна на ЈПДП на РСМ веќе пета година најавуваат рекострукција , на делница Охрид – Граничен премин Свети Наум,но таа никако да започне и ако овој патен правец е полош него било кој друг пристапен пат во некое забаталено село во Мариово..

    Така Охрид и убавините на националниот парк Галичица, постоји само имагинарно, и ја покажуваат лажната вреднсот на владат во грижата на безбедноста на патиштата на своите граѓани и бројните туристи ,кој реално соваква патна структура полека но сигурно го одминуваат Охрид и Македонија,а за преспанскиот дел и да не зборуваме , го претворија во зона на саракот!!

    С.Денесовски

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img