Делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков денеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на големиот охридски револуционер Христо Узунов во градскиот парк.
Цвеќе положија и здруженија на граѓани, претставници на институции и политички партии.
Во рамки на чествувањата по повод годишнината од херојската погибија на Христо Узунов, деновиве и ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник со богата културно уметничка програма.