Огнената стихија не запира и во Чашка, Петровец, Кочани, Охрид и во Студеничани

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Вкупно 41 пожар на отворен простор низ државава се евидентирани во текот на вчерашниот ден. Од тој број, 6 се активни, 9 се под контрола, 26 се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од активните, првиот е во општина Македонски Брод, кај селата Тажево и Брезница и кај „Јасен“. Вториот е на територија на општините Демир Хисар и Охрид – Илинска Планина, кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани. Третиот е на територија на општина Чашка, кај селата Папрадиште и Ореше. Четвртиот е во регионот на општина Петровец, кај селата Градманци и Дивље. Активен е и пожарот во општина Кочани – место викано „Панаѓур“, кај одмаралиштата на Пониква. Последниот од наведените е во општина Студеничани, кај селата Драчевица и Црвена Вода.

Од пожарите што се ставени под контрола, два се наоѓаат во општина Студеничани, по еден во општините Гевгелија, Охрид, Македонски Брод, Пласница, Делчево, Прилеп, како и еден што е на територија на две општини – Богданци и Дојран.

Share This Article