More

    ОГЛАС бр. 16/2023 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОР И ПРОДАЖЕН ПУНКТ – ТИПИЗИРАНИ КУЌАРКИ ЗА ПРОДАЖБА НА ХРАНА И СУВЕНИРИ

    spot_img

    Врз основа на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2023 год. бр. 08-17370/41 од 22.12.2022 год. („Сл.гласник на општина Охрид бр.14/2022), Одлуката за поставување на урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) во општина Охрид бр. 08 – 17370/42 од 22.12.2022 година, Извештајот за извршена процена бр.01-254/1 од 09.05.2023 и Изводот за поставување на урбана опрема за продажба-типизирани тезги (21 и 22) бр.19-8522/2 од 27.06.2023 година , ВД Директорот на ЈП Градски Пазар Охрид објавува:

    ОГЛАС бр. 16/2023

    ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПРОСТОР И ПРОДАЖЕН ПУНКТ – ТИПИЗИРАНИ КУЌАРКИ ЗА ПРОДАЖБА НА ХРАНА И СУВЕНИРИ

     

    ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација и урбана опрема за комерцијално користење, сместен во соодветен продажен пункт. Просторот и урбаната опрема се издава за следната намена:

     

    1. Простор и урбана oпpeмa – продажен пункт со намена продажба на храна и сувенири

     

    Локација: Кеј Македонија

     

    Графички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема дадени во шематскиот приказ во прилог, составен дел на овој оглас. Во графичкиот приказ е опишана дејноста на секоја локација поединечно.

    Просторот и урбаната опрема ќе се издава за времетраење од 01.07.2023 до 30.09.2023 година.

     

    2. Почетна цена за издавање на просторот за поставување на урбана опрема во соодветни продажни пунктови наменет за продажба на храна и сувенири:

     

     

    Број на продажни пунктови предмет на огласување

    Почетна цена/денари

    (за период од 30дена)

    Износ на депозит

    (20% од почетната цена/ денари)

    2.За користење на простор од 4 м2

     

    2

    16.003,оо

    12.802

     

     

    Во почетната цена за користење на простор поставување на урбана опрема во соодветни продажни пунктови наменет за продажба на храна и сувенири од 4 м2, 8000 денари се согласно горенаведената Одлука на Совет, а останатите 8.003,оо денари се согласно извештајот за извршена процена бр.01-254/1 од 09.05.2023.

     

    2.1 Почетните цени за издавање на просторот за поставување на урбана опрема во соодветни продажни пунктови наменет за продажба на храна и сувенири се однесуваат за период од 30 дена.

     

    2.2 Во почетната цена за издавање на просторот за поставување на урбана опрема, не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија. Избраните понудувачи имаат обврска:

     

    Целиот износ од договорениот надомест за закуп, да го платат во рок од 3 работни дена сметано од денот на склучување на договорот за закуп. Во спротивно договорот ќе биде ништовен и право на закуп на просторот за поставување на урбана опрема ќе има наредно рангираниот учесник на јавниот повик;

    Редовно да го одржуваат закупениот простор за поставување на урбаната опрема и по завршувањето на договорот за закуп истиот да го предадат на закуподавачот во состојба каква што го презеле;

    Да овозможат непречен увид на закупениот простор за поставување на урбаната опрема од страна на закуподавачот во секое време, со или без претходна најава за истото;

    да обезбедат времено броило (приклучок) за струја. Потрошувачката на потрошена електрична енергија паѓа на товар на закупецот;

    редовно да го сервисираат паушалот за надомест на вода, кон ЈП Водовод Охрид;

    редовно да ги сервисираат комуналните услуги, како и трошоците за отпадни води, кон ЈП Охридски Комуналец Охрид и ЈП Нискоградба и

    да ги почитуваат сите обврски кои ги превзеле со договорот за закуп, во спротивно на кое ќе следи еднострано раскинување на договорот.

     

    2.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на избраниот понудувач.

     

    2.4 Избраните понудувачи се должни да ја сервисираат обврската кон општината по основ комунална такса (за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нaселени мeста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) која се пресметува за м2 дневно и која согласно постојната законска регулатива изнесува 7 денари за м2, дневно.

     

    2.5 Договорите со најповолните понудувачи за точка 1 ќe се склучуваат за дадениот период.

     

    3. Доставување на пријави

     

    3.1 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на простор за поставување на урбана опрема има секое:

    Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)

    Физичко лице кое е жител на општина Охрид

    Секое физичко и правно лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Програмата за поставување урбана опрема во општина Охрид за тековната година.

    На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на просторот за поставување на урбаната опрема на трети лица.

    Уплатата на депозитот да биде извршена од трансакциската сметка на подносителот на пријавата (ПП30 се однесува само за физички лица) и

    Уплатата на депозитот да биде извршена од жиро сметката на правниот субјект, подносител на пријавата(се однесува само за правни лица)

     

    Право на учество на јавниот повик немаат:

    Физички и правни лица кои имаат неподмирени обврски кон општина Охрид и кон ЈП Градски Пазар Охрид.

     

    3.2 Понудувачот треба да достави:

     

    3.2.1 Пријава на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид https://jpgradskipazarohrid.mk/;

     

    3.2.2 Документацијата наведена во точка 3, потточка 3.1 на овој јавен оглас:

     

      А) За правни субјекти

     

    Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на PCM или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – не постара од 6 месеци),

    Потврда дeкa нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса( за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите населени мста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) и закуп на урбана опрема издадена од страна на Секторот за финансиски прашања при општина Охрид); Барањето за издавање потврда е составен дел на овој јавен оглас.

    Фотокопија од специјално полномошно за претставници на правните лица, издадено од правното лице.

     

      Б) За физички лица

     

    Фотокопија од лична карта и

     

    Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);

     

     

    3.2.3 Уплатница на име депозит (истиот е утврден во табеларниот приказ на точка 2 )на овој јавен оглас и треба да биде изразен во денари и се уплаќа на следната сметка:

     

     Депозитот утврден во претходната точка треба да биде изразен во денари и се уплаќа на следната сметка:

     

      210-066616880194 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје

     

     

    Уплатениот депозит на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена урбана опрема ќе биде вратен најдоцна во рок од 90 дена, сметано од денот на завршување на постапката по огласот, додека за учесниците кои ќе бидат избрани и ќе добијат простор и урбана опрема на јавното наддавање, износот на уплатениот депозит ќe биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.

     

    Уплатениот депозит не е повратен за оние учесници кои се избрани за најповолни понудувачи, а кои после јавното наддавање се понудени да склучат договор од страна на закуподавачот и истите се откажале од потпишување на договор за изнајмување урбана опрема-типизирана куќарка. Во ваков случај депозитот трајно го задржува ЈП Градски Пазар Охрид и учесниците немаат право да бараат поврат на истиот.

     

    Секоја поединечна локација означена во графичкиот прилог претставува посебен предмет на јавно наддавање. За секоја локација се склучува договор и се издава одобрение за користење на простор за поставување урбана опрема на продажен пункт.

     

     

    4. Временски период за кој се издава просторот и почетна цена на јавно наддавање

     

    Просторот за поставување на урбаната опрема ќе се издава за времетраење од 01.07.2023 до 30.09.2023 година.

     

    ЈП Градски пазар го задржува правото за предвремено еднострано раскинување на договорот за закуп на простор за поставување на урбана опрема, заради потребите на јавното претпријатие.

     

    Предмет на јавното наддавање е месечна почетна цена, односно за период од 30 дена(истата е наведена во табеларниот приказ на овој јавен оглас)

     

     

    5. Начин на отворање и разгледување на пријави

     

    Отворањето и разгледувањето на пријавите ќе се врши од страна на комисија формирана со решение од страна на директорот на ЈП Градски Пазар во просторија на закуподавачот без присуство на подносителите на пријавите. За констатираната состојба, комисијата има обврска да изготви записник.

     

     

    6.ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ:

     

    На јавното електронско наддавање – лицитацијата може да учествуваат само понудувачите кои ги исполнуваат условите утврдени во јавниот оглас.

    Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените понуди.

     

     Јавното надавање ќe се одржи на www.eaukcijaohrid.mk . Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма ке добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 2 (два) дена пред јавното наддавање

    За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на ЈП Градски Пазар Охрид.

    За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за користење на простор и урбана опрема под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.2.

    Јавното електронско наддавање ќе се одржи во рок од 5 ( пет ) дена од отворање на понудите.

     

    7. ПОСТАПКА ПО ЗАВРШУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКО НАДДАВАЊЕ:

     

    По завршувањето на постапката, Комисијата доставува предлог до раководното лице на ЈП Градски Пазар, за избор на најповолен понудувач со предлог за склучување на Договор за закуп за период од 01.07.2023-30.09.2023 година.

    Раководното лице на ЈП Градски Пазар донесува решение за избор на најповолен понудувач и склучува договор во кој покрај начинот на плаќање на постигнатата цена, посебно се утврдуваат правата и обврските на договорните страни.

    Доколку најповолниот понудувач се откаже од склучувањето на договорот ќе му се реализира гарантниот депозит.

     

    Договорот ќе се склучи во рок од три работни дена од денот на приемот на Известувањето за избор на најповолен понудувач.

     

    По склучувањето на Договорот, веднаш а најдоцна во рок од 3 дена, понудувачот е должен во целост да ги подмири сите трошоци кои произлегуваат од постапката, вклучувајќи ја и комуналната такса.

     

    По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои се услов за склучување на истиот, (уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението, како и склучување на договор за јавна чистота со JП “Охридски Комуналец) избраниот понудувач е должен да се придржува до одредбите на склучениот договор.

     

    Доколку понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање, не склучи договор во цитираниот рок, договорниот орган го задржува правото да склучи договор со следниот рангиран понудувач.

     

    Доколку понудувачот кој доставил најповолна понуда на јавното наддавање, од било која причина се откаже од потпишување договор, во тој случај Јавното претпријатие неповратно го задржува уплатениот депозит на ваквиот учесник.

     

    Доколку има потреба или во случај на евентуална попреченост од било кои причини , Општина Охрид и Јавното претпријатие Градски пазар Охрид го задржуваат правото да извршат промена на една или повеќе локации, а закупците како корисници на услугите во ваков случај се обврзуваат да ги прифатат новонастанатите промени на локациите.

    Доколку корисникот на услугата не ја прифати таквата промената состојба и промена на локацијата, тоа претставува основ за двострано раскинување на договорот, во рок од 8 дена без можност за надомест на штета ниту било какви други меѓусебни парични или непарични побарувања кои би произлегле од предвременото раскинување на договорот, освен исплатата на целокупниот долг по основ на закупнина по договор.

    Во случај на раскинување на договорот поради горенаведените причини, закупецот е должен на Закуподавецот да му го исплати целокупниот долг по основ на закупнина по договорот и освен исплатата на долгот на име закупнина, договорните страни немаат право меѓусебно да истакнуваат никакви други надоместоци и останати парични побарувања.

     

     

    8..НАЧИН НА ДОСТАВА НА ПРИЈАВАТА:

     

    Пријавата да биде доставена во затворен коверт, на кој во левиот горен агол ќе стои „не отворај” и бројот на огласот 16/2023.

    Пријавата се доставува лично во архивата на ЈП Градски Пазар или со препорачана пошта на следнава адреса: Бул.Туристичка бр.79; 6000 Охрид. Доколку пријавата се доставува по пошта, истата треба да пристигне во архивата на општина Охрид, најкасно до денот и часот на отворање на понудите 01.07.2023 година (сабота) .

     

    Пример за адресирање на плик за достава:

     

    ‘’НЕ ОТВОРАЈ’’

    Да не се отвора пред 01.07.2023 година (сабота).

    Оглас бр. 16/2023

    ЈП Градски Пазар

    Оглас бр. 16/2023

    Комисија за спроведување на оглас за прибирање пријави за користење на простор за поставување на урбана опрема

    Бул.Туристичка бр.79

    6000 Охрид

     

    Некомплетната пријава нема да биде предмет на разгледување од Комисијата.
    Рок на доставување на понудата е од денот на објавувањето на огласот па се до 01.07.2023 година (сабота).

     

    ЈП Градски Пазар нема никаква одговорност за ненавремена достава на пријавата.

     

    Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема како и намената на локациите, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.

     

     

     

      ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

      В.Д Директор,

      Александар Попоски

     

    Графички приказ

     

     

    Локации означени со број 21 и 22 со намена продажба на храна и сувенири

     

     

     

     

    Образец на пријава

    Поставување урбана опрема за продажба на храна и сувенири

     

    ВРЗ ОСНОВА НА ОБЈАВЕНИОТ ОГЛАС БР. 16/2023 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРИЈАВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ДОСТАВУВАМ

    ПРИЈАВА

     

    1. ОПШТ ДЕЛ

    Име на понудувачот:               

    (назив на правно лице според тековна состојба или име,татково име и презиме за физичко лице)

    Контакт информации

    Седиште/адреса:

    Телефон:                                              

    моб.телефон:                                              

    факс:                                              

    Е-пошта(задолжително):

    Лице за контакт:                                                                                                                                                                 

    Одговорно лице (управител) :

    Даночен број :                                                                                                             ЕМБС        

    ЕМБГ:        (за физичко лице)

     

    Во прилог на понудата доставувам:

    1. За правни субјекти

    Потврда за регистрирана дејност издадена од Централен регистар на РСМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение (не постари од 6 месеци)

    Потврда дека нема заостанати обврски кон општината

    Фотокопија од лична карта од управителот

    2. За физички лица

    Фотокопија од лична карта

    Потврда дека нема заостанати обврски кон општината

    3. Уплатница за платен депозит за учество на јавно наддавање за оглас 16/2023

    4. Локација бр. __________

     

     

     

     

     

     

    Датум                                                                                                                  Подносител на пријава

     

    _______________________                                                        _________________________________

     

     

     

     

     

     

    ДО

    ОПШТИНА ОХРИД

    СЕКТОР ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА

     

     

     

    ПРЕДМЕТ: БАРАЊЕ

     

    Од _____________________________________________, со ЕМБГ/ЕДБ _____________________

      (Име и презиме на физичко лице/назив на правно лице)

     

     _________________________________________________________________________________(адреса на живеење за физички лица/адреса на правното лице)

     

    Телефон за контакт: __________________________, лице за контакт:______________________

     

     

    Барам од надлежниот орган да ми издаде потврда за платена комунална такса ( за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите населени мста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) и закупнина за користење на простор за поставување на урбана опрема заклучно со 2022 година.

    Потврдата ми е потребна за учество на јавниот оглас бр.16/2023 за прибирање на пријави за добивање на простор за поставување на урбана опрема објавен од страна на ЈП Градски Пазар.

     

     

    Охрид,_______.06.2023 година Барател:

      _________________________

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img