На боксерски ринг поставен на отворено во близина на кејот на Охридското Езеро, вчеравечер во Охрид се одржа Финалето на Опен балкан купот во бокс и Меморијалниот боксерски турнир „Алексо Огненовски“.
Упатувам искрени честитки до организаторите за посветеноста во организацијата на овој двоен спортски натпревар, кој претставува уште една значајна манифестација во севкупната спортска и туристичка понуда во Охрид.
Општина Охрид како и до сега секогаш ќе биде поддршка на вакви иницијативи и атрактивни спортски случувања.