Одржан Вториот состанок на Работната група за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Заради подигнување на финансиската писменост, Народната банка заедно со останатите финансиски регулатори и субјекти од приватниот и граѓанскиот сектор даватели на финансиска едукација, на 31 август 2022 година, го одржа Вториот состанок на Работната група за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија.

На средбата, присуствуваа и претставници на ИНФЕ-ОЕЦД (Меѓународна мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој), коишто ја пренесоа нивната експертиза во однос на евалуацијата на едукативните програми за финансиска едукација и евалуацијата на националните стратегии за финансиска едукација на меѓународно ниво. Во овие рамки, се разговараше за значењето на евалуацијата на едукативните програми од страна на давателите на финансиска едукација, како основа за нивно подобрување и приспособување на потребите на населението. Евалуацијата на едукативните програми и редовното информирање на финансиските регулатори е предвидено и со Кодексот на добри практики за финансиска едукација, усвоен минатата година.

На состанокот беа презентирани и неодамна усвоените Основни компетенции на финансиската едукација коишто ги опфаќаат основните знаења, вештини, ставови, мотивации и однесувања во однос на финансиите што би требало да ги поседуваат лицата во различни фази од животот. Рамката за финансиски компетенции може да ја користат различни организации и институции во земјата (финансиски регулатори, граѓански организации, приватни финансиски институции и други институции и организации) коишто обезбедуваат финансиска едукација на различни возрасни групи од делокругот на нивното работење, или пошироко од областа на личните финансии. Основните компетенции имаат за цел да послужат како основа при изготвувањето едукативни програми за различни возрасни групи од областа на личните финансии од страна на сите вклучени даватели на образовни услуги во рамките на неформалното образование. На овој начин се обезбедува темите да бидат приспособени на возраста, како и да се води сметка за вклучување различни релевантни теми, согласно со сè поголемите потреби за финансиска едукација.

Преку овие средби се овозможува редовен дијалог помеѓу регулаторите, субјектите од приватниот и граѓанскиот сектор вклучени во активности за финансиска едукација, како и размена на предлози и искуства за зајакнување на финансиската едукација и инклузија во земјата. Се очекува дека во иднина со овие состаноци на Работната група за следење на спроведувањето на Стратегијата за финансиска едукација и финансиска инклузија ќе се поттикнат давателите на финансиска едукација да ги унапредат постојните едукативни програми во неформалното образование, а воедно и дека други компетентни организации ќе се приклучат кон иницијативата за координиран пристап во изведувањето на едукативните активности за финансиска едукација во земјатa.

Share This Article