Црвена капа, елек и маскирни панталони носела 28-годишната трансродова жена која уби шест лица во училиште во Нешвил, сугерира видеото кое го објави полицијата. Трансродовата Одри Елизабет Хејл планирала напади и на други локации, според бележник под име „манифест“ кој полицајците го пронашле заедно со мапи од училишната зграда и план на нападот.
На видеото, кое се чини дека е од надзорните камери на зградата, Одри Хејл се гледа како пука на влезната врата, а потоа се качува низ скршеното стакло за да влезе. Пријавено е и дека таа влегла од споредна врата и пукала на вториот кат до 10 часот и 27 минути, кога била убиена.
Претходно беа објавени слики од Хејл како пука кон возилата на полицијата кои се приближувале. Во период од 14 минути полицајците влегле во објектот и ја застрелале.
Малку се знае за Хејл освен дека, како што изјавил портпаролот на полицијата за Вашингтон пост дека таа „е биолошка жена која на профилот на социјалните мрежи користела машки заменки“, пишува Би-Би-Си.
Три деца и тројца возрасни настрадаа во христијанското основно училиште. Од трите деца, едното девојче, било ќерка на висок свештеник во презвитеријанската црква Ковенант, изјавиле црковните претставници за Си-Би-Ес-Њуз. Сите три деца имале осум или девет години.