More

    Одреден 30-дневен притвор за 29-годишен битолчанец

    spot_img

    Приведен е 29-годишен битолчанец кој се сомничи дека во повеќе наврати преку социјална мрежа ѝ се заканувал на 49-годишна жена и на нејзиното семејство ѝ изнудил околу 400.000 денари.

    Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 29-годишниот Н.Д. бил затекнат при примање пари од жената кои биле пронајдени и одземени.

    Со наредба од Основниот суд Битола, извршен е претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, различни видови патрони за ловечка пушка и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.

    Осомничениот е приведен во полициска станица и против него по брза постапка е поднесена кривична пријава по член 258 од Кривичниот законик, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img