Одлуката за нов директор на ЦУК ќе се разгледува на следната владина седница

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Иако на денешната владина седница меѓу точките на дневен ред беше и разрешувањето на Стојанче Ангелов од директорското место во ЦУК, сепак Владат одлучи на следната владина седница да се донесе одлука во врска со кадровското решение во Центарот за управување со кризи.

Како што претходно се пишуваше приклонувањето на Стојанче Ангелов кон опозицијата веројатно ќе го чини директорска позииција.

Премиерот во техничката влада Талат Џафери му се јавил на директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов и го известил дека планира да предложи негово разрешување од функцијата.

Информацијата за медиумите попладнево ја сподели Ангелов, додавајќи дека изјавата на Џафери дека ќе го повика на средба ја видел подоцна, но како што рече она што премиерот сака да го праша тој и неговата партија Достоинство веќе го кажале.

– Премиерот Талат Џафери ми се јави, разговаравме, телефонски ме извести. Неговата изјава дека треба да се видиме ја видов подоцна, доколку ме побара секако дека ќе се сретнам, тој е претседател на Владата, јас сум директор именуван од оваа Влада. Но, она што тој сака да ме праша ние јавно го кажавме, ние јавно објавивме дека излегуваме од коалицијата со СДСМ – изјави Ангелов.

Најaвата на техничкиот премиер Талат Џафери дека ќе го разреши Ангелов доколку ја почнал постапката за излегување од коалицијата со СДСМ, директорот на ЦУК претходно денеска ја искоментира во објава на социјалната мрежа „Фејсбук“.

„Командант од УЧК ќе разрешува генерал на безбедносните сили (насловот е позајмен од веста објавена на порталот на Радио Лидер). Колку тоа некому да не му се допаѓа, вклучително и на мене, непобитен факт е дека поранешниот командант Форина од УЧК денес е легитимен претседател на македонската Влада. Како премиер тој има право да предлага именување и разрешување на функционери кои ги именува Владата. Конечната одлука ја носи Владата со мнозинството министри што само по себе значи дека, за да биде прифатен предлогот на премиерот за мое разрешување, поддршка треба да дадат министрите, вклучително и вицепремиерите од СДСМ. Во спротивно ќе нема мнозинство за мое разрешување“, напиша Ангелов на Фејсбук.

Share This Article