СДС да каже кој од двата предлога на претседателот Мицкоски кои го штитат идентитетот и овозможуваат интеграција во ЕУ прифаќа, спротивно нема потреба од преговори, побара ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение.
„Ковачевски да не манипулира со своето членство, и со граѓаните, да се охрабри и да каже кој предлог го прифаќа. Првиот е одложено важење на уставните измени кога Македонија ќе стане членка на ЕУ и преодна влада без ДУИ. Вториот е избори наесен, гаранции од ЕУ институциите за македонскиот многувековен идентитет, пакет помош од Европската Комисија за македонската економија и граѓани и барање до Бугарија да имплементира барем 3 пресуди од ЕСЧП поврзани со Македонците во Бугарија. И по изборите партијата која ќе биде опозиција да ја поддржи владата и државата во спроведување на овие чекори“, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека ако Ковачевски не каже кој од овие два предлози го прифаќа, попусто троши време за состаноци и „замајување на сопственото членство“.