Одличен прв дел против Чешка за македонските ракометари

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Македонските ракометари водат со 10-13 во првите 30 минути од баражот за Светското првенство против Чешка во Злин. Македонија го отвори натпреварот во Злин со погодокот на Талески, а со почетни две интервенции на Никола Митревски.

Веќе во осмата минута со реализаторска игра во нападот и погодокот на Пешевски, Македонија имаше извонредно водство од 1-4. Ниту тајм-аутот не донесе нешто добро за Чесите, па повторно избраниците на Кире Лазаров подоминантни со голот на Георгиевски и до 1-5 по првите десет минути игра.

Филип Талески со четири гола од шест обиди е најдобар во првите 30 минути кај Македонија, а Лазаров и Стоилов завршија со по два погодоци. Никола Митревски е со седум одбрани на македонскиот гол.

Share This Article