Утринава руски беспилотни летала ја гаѓаа пристанишната инфраструктура во областа Одеса на југот на Украина, а цел беше и главниот град Киев, соопштија украинските власти, наведувајќи дека нема жртви.
„Целта на непријателот беше пристаништето и индустриската инфраструктура во регионот (Одеса). Силите за воздушна одбрана работеа неуморно речиси три часа“, соопшти украинската армија на Телеграм.
Беспилотните летала Шахед од иранско производство беа лансирани од Црното Море. Нападите предизвикаа пожари во индустриски и пристанишни објекти.
Шефот на воената управа на Киев, Сергеј Попко, изјави дека беспилотни летала од повеќе правци истовремено влегле во воздушниот простор над главниот град.
„Сите цели, повеќе од десет беспилотни летала, беа откриени и уништени навреме“, рече Попко на Телеграм.