More

    Ако стане претседател на САД започнуваат проблемите за Зеленски

    spot_img

    Кремљ соопшти дека секој мировен план за Украина предложен од можната идна американска администрација на Доналд Трамп ќе мора да ја одразува реалноста на теренот, но дека рускиот претседател Владимир Путин останува отворен за разговори.

    Ројтерс во вторникот објави дека двајца од клучните советници на Трамп претставиле план за ставање крај на војната во Украина, доколку победи на претседателските избори, што вклучува и кажување на Украина дека ќе добие повеќе американско оружје само ако влезе во мировни преговори.

    – Вредноста на секој план лежи во нијансите и земајќи ја предвид фактичката состојба на работите на теренот – изјави за Ројтерс портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

    – Ние не знаеме каков е тој план, ниту што е наведено во него. Претседателот Путин постојано повторува дека Русија била и останува отворена за преговори, земајќи ја предвид фактичката ситуација на теренот – рече тој.

    Песков додава дека остануваат отворени за преговори и за да можат да го оценат планот, но прво мора да се запознаат со него.

    Тој рече дека неодамнешните предлози на Путин за мир не биле прифатени ниту од Запад, ниту од Украина.

    – Знаете дека Путин неодамна излезе со мировна иницијатива, која, за жал, не беше прифатена ниту од Западот, ниту од самите Украинци – изјави Песков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img