Одбраната бара ослободителна пресуда за Јанакиески

Lorita
By Lorita 6 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ниту во обвинението, ниту од доказите не се покажа кои дејствија ги презел Миле Јанакиески и за кое кривично дело, пред кои органи и спротивно на која законска одредба, изјави во завршен збор за случајот „Топлик” бранителот на екс министерот Јанакиесеки, адвокат Еленко Миланов.

Миланов на Судот му предложи да донесе ослободителна пресуда за Миле Јанакиески, со оглед на, како што рече, тоа дека не постојат елементи на сторување на кривичното дело.

– Постојат сите потребни документи согласно законот за градежно земјиште и уредбата за постапување. Денеска застапникот на обвинението сакаше да убеди дека делото е сторено со тоа што Комисијата доставила информација за објава. Но, господа судии во оваа информација стои дека се исполнети услови за издавање на објава – изјави Миланов.

Во однос на елементот на штета, тој рече дека исплата на законска затезна камата се применува за секое задоцнување или користење туѓи средства и не може да претставува кривично дело.

– Во 2019 година две милијарди денари по овој основ. Исплатата на законска затезна камата од државните органи не може да претставува елемент на штета – рече Миланов.

Бранителот на Миле Јанакиески, адвокатката Сања Алексиќ, во завршен збор претходно рече дека Јанакиески не учествувал во работата на Комисијата и не може да стане збор за соучесништво, што се покажува од исказите на самите членови.

Од доказите, рече таа, се гледа дека Јавниот обвинител не ја докажа неговата теорија на случај дека Јанакиески и покрај тоа што знаел дека има недостатоци склучил договор со „Сан сити”, кој потоа не можел да се спроведе во Катастар.

– Укажуваме на Судот дека од изнесените докази неспорно може да утврди со што бил запознаен Јанакиески, а тоа е извештајот на втората Комисија, кој е адресиран до него и со кој Комисијата го известува дека се исполнети условите и предлага да се склучи договорот со “Сан Сити”. Истовремено не се докажа дека во моментот на потпишување министерот знаел дела договорот не може да се реализира – изјави Алексиќ.

Таа, исто така, рече дека не се докажале и наводите на ЈО дека со склучената спогодба со „Сан Сити” и исплатената штета од еден милион евра е оштетена државата, туку напротив постигнат е успех за државата со тоа што е вратен влогот и државата исплатила само камата за две години, а инвеститорот се откажал од понатамошна тужба.

- Advertisement -
Ad image

Случајот го води судијата Осман Шабани.

Претходно денеска завршни зборови за случајот даде и јавниот обвинител Бурим Рустеми.

Од изнесените докази во текот на постапката во целост се потврди дека дејствијата на ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и членовите на Комисијата за јавно наддавање и нанеле штета на Буџетот на државата во висина од еден милион евра, како исплатена камата на израелската фирма „Сан сити” поради неспроврдливоста на договорот од спроведеното јавно наддавање за продажба на земјиштето за комплексот „Сончев град”, изјави денеска во завршен збор Јавниот обвинител Бурим Рустеми на судењето за случајот „Топлик”.

- Advertisement -
Ad image

Обвинителот Рустеми, побара од Судот да ги прогласи за виновни за „злоупотреба на службена положба и овластувања” и им изрече ефективни казни, со оглед на степенот на кривична одговорност и последиците од делото, како и фактот дека воопшто не изразиле каење во текот на постапката.

– Факт е, нагласи во својот завршен збор обвинителот Рустеми, дека проектот за изградба на комплексот „Сончев Град“ од 100 милиони евра директно го координира Миле Јанакиески, како и постапката за спогодба и отуѓување на земјиштето.

– Фактот дека Миле бил решен да се реализира јавното наддавање се гледа од притисокот врз работата на ченовите на првата Комисија, кои поради немање нумерички податоци за парцелите одбиле да го објават јавното наддавање, по што тој ја разрешил и формирал нова Комисија во која членуваат сега обвинетите. Тие иако знаеле дека претходната Комисија одлучила дека нема услови за прогласување на јавно наддавање, за да ја исполнат желбата на првообвинетиот веќе утрешниот ден на 04.04.2007 година го објавиле јавното наддавање со истите недостатоци и без нумерички податоци за парцелите со што нивната продажба била неспроведлива и со тоа го прекршиле законот – изјави Рустеми.

Во случајот „Топлик” првообвинет е ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој заедно со уште пет лица од министерството кои биле членови на Комисија за јавни наддавања, се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Предметот, кој беше отворен од поранешното СЈО се однесува на продажба на градежо земјиште за изградба на населбата Сончев Град во Сопиште.

Share This Article
Leave a Comment

Leave a Reply