ОДБЕЛЕЖАНИ МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН И НЕДЕЛАТА НА МЛАДИ

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Со низа активности  беше одбележан 12-ти август Меѓуародниот ден на младите со што и официјално започна Неделата на млади. Главниот  настан  посветен на младите се одржа синоќа во Младинскиот Центар  во поранешната касарна „Михајло Апостолски“.

Пред присутните се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Ана Крстеска .

Den-na-mladi08132024002– Меѓународниот ден на младите веројатно е  еден од најзначајните датуми во календарот на случувања во секоја земја  затоа што  нема  група, заедница и држава без млади. Спротивното би значело мрак, држава на стари лица, општество без иднина.

Од  вас драга младино,  од вашето  учество во општествените  процеси и случувања, зависи дали едно општество ќе биде здраво и  демократско или не. Вашето залгање и агилност во голема мера  одредуваат каква положба ќе заземете во Општеството и колку ќе успеете да ги решите проблемите кои ве тиштат.

Учествувајте во секој демократски процес, имајте придонес во секоја одлука на власта, будно гледајте што се случува во вашата татковина и никогаш не бидете само неми посматрачи. Реагирајте таму каде има законски рамки за тоа и помогнете во грдењето на здрава држава која ќе нуди подобри услови за живот за сите нас.

Проблемите со кои  се соочувате и  подобрувањето на вашата  положба директно зависат  од тоа колку се залагате за  нивно решавање  и колку сте агилни да учествуваат во сите фази на општествените  процеси.

 Вие треба  да ги искористите  законските можности во областа на младинското учество и да покажете  капацитет да се вклучите  во тие процеси и да одлучувате  за себе, а  државите имаат обврска да креираат овозможувачка средина и да посветат внимание на вашите права .

Икористете ја својата енергичност, својата ведрина и дух паметно. Активно информирајте се, следете што се случува во земјава. Интересирајте се за вашите права и дејствувајте таму каде што  имате можност. Така ќе станете  агенти за промени, прогресивни промени кои ќе ја подобрат положбата на сите вас.

На вас останува ова  општество,  вие сте негови градители.  Затоа вредно учете, крадете  знаења и вештини. Едуцирајте се и не се штедете на тој план. Човек кој е поткован со знаења секогаш мисли дека не знае доволно и трага по уште повеќе сознанија кои го водат на прав пат. Човек кој нема доволно знаења мисли дека се знае   и е најпаметен па  носи погрешни  одлуки. Затоа вие бидете од оние кои вредно учат и правилно одлучуваат.

Пред вас има  широка лепеза на форми преку кои  може да бидете  активни  учесници  во општествените процеси и градители  на своја подобра иднина. Искористете ја таа можност паметно, бидете дел од општествените случувања и помогнете во градењето на подобро и поперспективно општество- рече Крстеска.

Пред присутните свои обраќања имаа и Извршниот директор на коалицијата СЕГА, Зоран Илиески и Раководителот  на Младински Центар – Охрид, Јован Цветкоски.

 

Share This Article