Со настап на ансамблот на албански национални ора и во присуство на политичкото водство на албанските партии во Македонија, како и на амбасадорите на Косово и на Албанија во земјава, синоќа беше одбележан Денот на кечето – традиционалната капа што ја носат Албанците.
„Посебно задоволство е што заедно со Државниот ансамбл на албанските народни песни и ора во земјава се погриживме за продолжување на традицијата на организирање на Денот на кечето, по повод одбележувањето на годишницата на независноста на Република Косово. Вистински спектакл на вредности на албанското културно наследство се прикажа денес во Албанскиот театар во Скопје“, објави првиот вицепремиер Артан Груби на неговиот официјален профил на Фејсбук.