Претседателот Стево Пендаровски можеше да ги спречи измените на Кривичниот законик и да го врати законот на повторно разгледување, но тој ги потпиша за да им се додвори на Димитар Ковачевски и на Али Ахмети, пишува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.
Од партијата велат дека Пендаровски можеше да го врати законот на повторно разгледување, но тој реши слепо да ги исполнува командите на Ковачевски и Ахмети
„Со потпис на измените на КЗ Пендаровски буквално ги аболицираше сите функционери од СДС и ДУИ кои изминатиов период ја злоупотребувале службената положба и овластување“, се наведува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Пендаровски е директно виновен за хаосот во државата и деградирањето на правото.