More

    Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека еден пратеник барал пари за да гласа

    spot_img

    Ковачевски и Груби се во паника, 10 пратеници од власта нема да гласаат за уставни измени, 9 не сакаат, еден бара пари

    Димитар Ковачевски и Артан Груби се во паника, бидејќи дел од пратеници од СДС и ДУИ не се за уставни измени, тврди опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

    -Ковачевски молчи и не кажува дали тројца пратеници од првата и втората изборна единица му кажале дека, ако  се на маса овие уставни измени тие нема да гласаат. Тој молчи и дали 6-мина пратеници од внатрешноста му рекле дека уставните измени, се најлошото нешто што може оваа влада да го направи. Ковачевски има проблем со 9 негови пратеници, кои се против лошите политики кои ги води тој на штета на државата. И во СДС има луѓе кои знаат како и во која насока треба да оди државата, но тие се потиснати од Ковачевски и луѓето околу него – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Според оваа партија, покрај пратениците на СДС, и еден пратеник од ДУИ е под прашалник.

    – Груби молчи и не кажува дали еден пратеник од неговата партија побарал пари за да гласа. Ковачевски и Груби се во паника, бидејќи знаат дека Уставни измени нема да има, само сакаат да владеат уште некој месец повеќе, за некоја зделка и матен тендер плус. Тие не се за ЕУ, тие се за себе, за личен бенефит. Народот ќе ги порази таквите политики, врз база на национални отстапки да се прави криминал со надеж дека ќе помине неказнето – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img