Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат какви се тие правосудни апсурди

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Обвинението за поранешниот секретар на влада Мухамед Зекири покажува две работи, едната е дека владите на СДСМ се инкубатор за криминал, а втората е дека правосудните органи ги гонат селективно само спроведувачите, а не организаторите на криминалот, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако денеска беше покренато обвинение за поранешниот генерелен секретар Мухамед Зекири, а во тек е судски процес за Драги Рашковски.

„Нејасно е како може Зекири да биде обвинет за штета на буџетот од 1,5 милиони евра, а неговиот претходник генерален секретар на влада Рашковски за перење пари и незаконски набавки, а притоа премиерите да бидат чисти. Постојат основани сомненија дека криминалите, за кои се товарат овие двајца, биле иницирани и спроведувани по насока на нивниот претпоставен или претпоставени. Правосудни апсурди“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека затоа народот има недоверба кон правосудството од 92%.

„Правосудните органи ја штитат главата на криминалот, а само кога не може да замижат пред очигледните докази за криминал, ги гонат пониските ешалони. И во таквите случаи поситните риби поминуваат со најмали можни казни“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека мора да има одговорност за сите криминали.

Share This Article