Од ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка од Џафери поради скандалозен однос

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Фрапирани сме од примитивизмот на Талат Џафери, кој ја извршува должноста претседател на собранието, кој мислејќи дека камерите се исклучени ги вреѓа и со најпогрдни пцовки малтретира вработените во собранието. Односот на Џафери кој може да се слушне во видео материјал објавен во медиумите е скандалозен, примитивен и целосно недозволив, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Според нив, Талат Џафери е пример за примитивизам и политичар кој треба да биде минато.

– Ова не смее никогаш повеќе да се повтори. Оваа аудио снимка од која се слуша примитивизмот на Џафери е доказ зошто СДСМ и ДУИ мора да заминат во опозиција и зошто мора да има предвремени парламентарни избори час поскоро – стои во партиското соопштение на опозициската партија.

Share This Article