More

    Министерството за здравство е во фаза на преговори со производителот „Фајзер“ за набавка на лекот „Паксловид“ против ковид-19

    spot_img

    Министерството за здравство е во фаза на преговори со производителот „Фајзер“ за набавка на лекот „Паксловид“ против ковид-19, но според министерот за здравство Беким Сали, тоа е процес и не треба да се чека кога ќе стигне лекот, бидејќи веќе имаме вакцина за која научно е докажано дека засега е најсигурен и најбезбеден начин за заштита на здравјето.

    – Изразивме иницијален интерес дека сакаме да пристапиме кон преговори за набавка на лекот, но кога ќе биде тоа не можам да прецизирам. Изразивме интерес и пристапивме конкретно кон следна фаза на преговори и договор за набавка. Сè додека ние чекаме апчиња да дојдат, истиот состав е во форма на вакцина. Исто ќе штити и не ја знаеме причината зошто велиме „не“ за вакцина, а „да“ за апче. Не гледам некоја разлика – вели Сали.

    Лекот „Паксловид“ вчера го набави соседна Србија, а тој лек се смета за најсовремен за лекување пациенти заболени со коронавирусот.

    Европската агенција за лекови (ЕМА) на крајот на јануари ја одобри антиковид пилулата од производителот Фајзер, која ќе стане првиот орален антивирусен лек против таа болест одобрен во Европската Унија.

    „Паксловид е првиот орален антивирусен лек препорачан во ЕУ за третман на ковид-19“, се наведува во тогашното соопштение на ЕМА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img