More

    Од вчера на двата аеродроми во Македонија, во Скопје и во Охрид започна зимскиот распоред на летање на аеродром кој ќе трае до 31 март 2024 година

    spot_img

    Од вчера на двата аеродроми во Македонија, во Скопје и во Охрид започна зимскиот распоред на летање на аеродром кој ќе трае до 31 март 2024 година.

    Од Скопскиот аеродром по зимскиот распоред ќе летаат 13 авиокомпании. „Ер Србија“ ќе лета до Белград, „Аустријан“ до Виена, а „Кроација ерлајнс“ до Загреб. Грчката авиокомпанија „Еџијан“ ќе лета до Атина, а од 2 октомври и до Сараево. „Туркиш ерлајнс“ продолжува да лета до Истанбул, а „Пегасус“, освен до Истанбул, ќе лета и до Измир. Од Скопскиот аеродром, „Сан експрес“ најави дека продолжува да сообраќа со чартер-летови до Измир и до Анталија, како редовни летови и во зимската сезона.

    Новата авиокомпанија што влезе на македонскиот авијациски пазар, „Луфтханза“, ќе има редовен лет до Франкфурт, а до Цирих ќе летаат авиокомпаниите „Чаир ерлајнс“ и „Еделваис“. „Изи џет“ ќе лета до Женева, а „ЛОТ Полиш ерлајнс“ ќе лета до Варшава. Останатите 29 дестинации ќе ги опслужува унгарскиот авиопревозник „Визер“, кој, со субвенции од Владата, воведе четири нови линии од Скопје до Луксембург, Штутгарт, Салцбург и до Љубљана.

    Од ТАВ Македонија информираа дека деталите за дестинациите, авиокомпаниите и за фреквенциите на летовите може да се видат на веб-страницата.
    „Нови авиокомпании, враќање на авиокомпании што веќе сообраќале претходно на македонскиот воздухопловен пазар и воведување нови и атрактивни авиолинии се на врвот на нашата листа на приоритети. Како аеродромски оператор, секогаш се стремиме да одговориме на барањата на нашите патници за уште поголем број можности за патување од нашите аеродроми“, потенцираат до ТАВ Македонија.

    Најчести дестинации од Меѓународниот аеродром „Скопје“, според статистиката на патничкиот сообраќај на ТАВ Македонија, за периодот јануари – септември 2023 година биле Истанбул (двата аеродрома, ИГА и „Сабиха Ѓокчен“ со 10,8% пазарен удел), „Базел Милуз“ (6,1%), Цирих (5,5%), Виена (4,7%), Дортмунд (4,5%), потоа Франкфурт (4,2%), Минхен Меминген (4,1%), Анталија (4%), Малме (2,6%) и Келн (2,6%).

    Со зимскиот распоред на летање, од Охридскиот аеродром ќе летаат три авиокомпании, и тоа: „Чаир ерлајнс“ и „Ерелваис“ до Цирих и „Визер“ до Дортмунд, Минхен Меминген и Виена. Аеродромот „Свети Апостол Павле“ беше сведок на одлична летна сезона, засилена со сезонските и чартер-летови до Белград на „Ер Србија“ и до Манчестер и до Лондон („Гетвик“) на ТУИ. Инаку, за трите квартали од 2023 година, јануари – септември, најчеста дестинација за патување од Охридскиот аеродром беше Базел (21,5% удел на пазарот), потоа Виена (21%), Дортмунд (16,4%), Меминген (11,9%), Малме (9,4%), Цирих (9,3%), Амстердам (8,8%), а останатите дестинации имаат 0,5%.

    Топ-5 земји со директни летови од македонските аеродроми за периодот јануари – септември 2023 година беа Германија (27,3% удел на пазарот), Турција (16,9%), Швајцарија (13,4%), Шведска (6,7%); и Италија (6,5%).

    Што се однесува до учеството на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај за првите девет месеци од 2023 година на Скопскиот аеродром, „Визер“ превезол најголем број патници (60,2% удел на пазарот), потоа „Туркиш ерлајнс“ (7,4%), „Пегасус ерлајнс“ (6,1%), „Аустријан ерлајнс“ (4,7%), „Чаир ерлајнс“ (3,7%).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img