Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен слаб дожд. Максималната температура ќе се искачи до 23-от степен.