Од Турција зависи кога ќе заврши екстрадицијата за Палевски, порача обвинителот Бубевски

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, на денешниот брифинг со новинарите рече дека во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица и не гледа пречка постапката за екстрадиција од Турција на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо да заврши брзо.

На денешниот брифинг со новинарите тој сподели дека предметот е во сериозна фаза.

– Нема нови осомничени лица. Предметот е во фаза на истрага. Правниот дел во делот за екстрадиција е завршен. Останува делот од Турција, за којшто немам последни сознанија. Предметот е веќе во средна, сериозна фаза, можеби за брзо ќе има нешто кога ќе заврши екстрадицијата и не гледам никаква пречка тоа да се заврши брзо – рече Бубевски.

Во врска со партијата Десна, која продолжи со работа, а дел од осомничените се членови, Бубевски додаде дека нема докази дека партиски влијанија имале некаква врска со дејствијата во случајот.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

За нивното убиство се товарат Љупчо Палевски Палчо, кој е во привремен затвор во Турција, Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, и Стефан Димковски кој се сомничи дека му помогнал на Палчо да избега во Турција.

Share This Article