Од СОНК ја поздравија иницијативата на министерот Шаќири

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

СОНК доби покана за продолжување на преговорите во 15 часот во просториите на МОН, објави синдикалниот лидер, Јаким Неделков.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска истакна дека е подготвен сум да направи отстапки од повеќе инвестициски и други активности кои се дефинирани во програмата за работа на МОН за оваа календарска година, а кои предизвикуваат фискални импликации, се’ со цел да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближат до процентот на покачување на платите на наставниците кој го бара СОНК.

Шаќири истакна дека ова го побарал и од другите министри во Владата и во истото гледа опција преку која би можело да се постигне решение во рамки на социјалниот дијалог со синдикатот.

СОНК ваквата одлука ја поздрави и посочи дека ова треба да биде добар пример и поттик за Министерството за труд и социјална политика во правец на надминување на моменталната ситуација.

Од Министерството  за труд и социјална политика, пак, ја информира јавноста дека од вкупно 75 Јавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, во 25 предучилишни установи за деца денес воопшто не се штрајкува. Додека пак, во 50 предучилишни установи штрајкуваат само дел од вработените. Односно, во штрајк се околу 45 проценти од вкупниот број на вработени од установите  каде што се штрајкува.

Согласно податоците на министерството кои се ажурираат на дневна основа, се бележи пораст од 30 проценти  на згрижени деца во градинките за разлика од вчерашниот ден.
Министерството за труд и социјална политика, известува и дека до инспекциската служба досега  не е пристигната  никаква поплака од страна на штрајкувачките одбори за попречувањето во одвивање на штрајкот во предучилишните установи.
Share This Article