Од полноќ малопродажните цени на бензините се намалуваат за 0,50 денари по литар, додека цената на дизелот не се менува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Така, бензинот од типот „еуросупер-95“ ќе се продава по цена од 74,50 денари, додека ценат на бензинот „еуросупер-98“ ќе изнесува 76,50 денари по литар.
Малопродажната цена на дизелот не се менува.