More

    Од паричник на мртов маж украле 150 евра

    spot_img

    Дека ништо не им е свето на крадците покажува и случајот што се случи неодамна во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС). Украдени пари од починат маж на Клиниката за абдоминална хирургија, објави Аваз.

    Медицинскиот персонал случајот го пријавил во полиција, а сторителот се уште не е откриен.

    На уредниците на Аваз им се обратил Ж. Ј.кој рекол дека на 22 септември вна Клиниката за абдоминална хирургија починал неговиот брат З.К., пренесува Српскаинфо.
    – Од паричникот на мојот брат беа украдени околу 150 евра ноќта меѓу 22 и 23 септември, кога тој веќе беше мртов. Таа сума била наведена во записникот од смената во КЦУС што работела таа вечер, а утрото смената повикала полиција бидејќи немало пари – изјави Ж. Ј.

    Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево потврди дека кражбата била пријавена во полициската управа Центар Сараево.

    „На 23.09.2023 година, вработен во КЦУС во Полициската управа Центар пријавил исчезнување на пари во наведениот износ, кои припаѓале на пациентот, а кои претходно биле евидентирани во образец за постапување со лични работи на починато лице. Полициските службеници на ПУ Центар ги преземаат сите мерки и дејствија од нивна надлежност за документирање и расветлување на ова кривично дело“, се наведува во полициското соопштение.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img