Нападот врз градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска при посетата на дивоградба во скопски Чаир покажа дека во Северна Македонија сè уште има тенденција законот да се заменува со политички изјави и партиски интереси. Наместо правна анализа и законско постапување, јавноста беше сведок на политичко инструментализирање на сериозен инцидент.
Градоначалничката Данела Арсовска е избран функционер на непосредни избори, што ѝдава легитимитет и мандат од граѓаните. Според македонскиот правен систем, секој градоначалник во Република Северна Македонија е службено лице, што значи дека ужива посебна правна заштита. Никој нема право да се заканува или физички да напаѓа службено лице во вршење на неговите функции.
Според Кривичниот законик, полицијата има јасни обврски во вакви случаи. Доколку полицијата навистина била на лице место, како што тврди Арсовска, нејзините обврски беа:
Јавниот обвинител, пак, согласно Кривичниот законик на РСМ, со соодветен поднесок треба да бара мерка притвор за лицата кои извршиле напад врз службено лице.
Фактот дека предметниот објект каде се случил инцидентот е дивоградба, како што тврди Арсовска, не треба да биде причина за селективно применување на законот. Полицијата и јавното обвинителство не треба да дејствуваат партиски, туку строго законски, без разлика на политичката припадност на учесниците или природата на објектот.
Најголемиот проблем во овој случај е што наместо правна анализа и законско постапување, случајот се третира како политичка работа. Ова создава опасен преседан каде што:
Овој случај покажува дека е неопходна целосна деполитизација на правниот систем и полицијата. Кривичните дела мора да се третираат како правни, а не политички прашања. Без разлика дали се работи за градоначалник од владејачката или од опозициската партија, законот мора да се применува еднакво и доследно.
Нападот врз градоначалничката Арсовска е тест за македонскиот правен систем. Начинот на кој ќе се третира овој случај ќе покаже дали Северна Македонија се движи кон правна држава или кон партократија каде што законот се применува селективно. Граѓаните заслужуваат правен систем кој функционира според закон, а не според политички калкулации.
Сашо ДЕНЕСОВСКИ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
