More

    Еве што му порача Нетанјаху на својот народ

    spot_img

    Израел ќе одговори со сила на секој напад, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по убиството на лидерот на политичкото крило на Хамас Исмаил Ханија во воздушен напад во Техеран и висок лидер на Хезболах во Бејрут.

    – Граѓани на Израел, претстојат тешки денови. По нападот во Бејрут, заканите доаѓаат од сите страни. Подготвени сме на секое сценарио и ќе останеме обединети и решителни против секоја закана. Секоја агресија против Израел ќе биде скапа за оние кои ќе преземат тоа, на кој било фронт – рече Нетанјаху во телевизиско обраќање.

    Тој додаде дека Израел им нанел тешки удари на полномошниците на Иран во изминатите неколку дена, вклучувајќи ги Хамас и Хезболах. Сепак, израелскиот премиер не го спомна конкретно убиството на Ханија, што поттикна закани за одмазда.

    – Ја елиминиравме десната рака на (лидерот на Хезболах) Хасан Насрала, кој е директно одговорен за масакрот на децата – рече Нетанјаху во телевизиско обраќање.

    Тоа беше прва изјава на израелскиот премиер по убиството на Ханија, која дојде само неколку часа по нападот во кој загина висок командант на Хезболах во Бејрут.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img