Над 53.000 македонски граѓани само во текот на 2022 година се преселиле во Германија. Во 2021 година пак, над 32.000 Македонци се преселиле во Германија, каде според последниот попис од 2022 година живееле 222.000 нашинци – објави Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“ повикувајќи се на податоци од последниот попис на населението во Германија.
Млади луѓе, но и цели семејства од Македонија се почесто се решаваат да заминат во Германија во потрага по подобар живот и финансиска стабилност.
Во Германија, според податоците кои ги објави Институтот живеат 222.000 лица со потекло од Македонија, од кои 158.000 се родени во Македонија.
Од 2020 до 2022 година, бројот на граѓани со потекло од Македонија е зголемен за 44%, од 154.000 на 222.000. Во 2021 година во Германија од Македонија се преселиле 32.000 лица.