More

    Од годинава ќе се кофинансира и поставување на фотоволтаици на покрив

    spot_img

    Министерството за економија годинава со 70 милиони евра ќе ги кофинансира граѓаните при купување и инсталирање на фотонапонски електрани, сончеви термални колектори и ПВЦ и алуминиумски прозорци, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

    За фотонапонски централи се планирани 30 милиони денари, за термални колектори ќе бидат наменети 25 милиони денари и 25 милиони денари се планирани за поставување на ПВЦ и алуминиумски прозорци.

    – Државата ќе покрие 50% од инвестицијата, но не повеќе од 20.000 денари ако граѓаните постават ПВЦ и алуминиумски прозорци. Со оваа мерка се опфатени 1.200 домаќинства. За поставување на сончеви термални колекторски системи државата ќе покрие 30% од инвестицијата, но не повеќе од 15.000 денари. Со оваа мерка ќе бидат опфатени над 1.000 домаќинства. 400 домаќинства ќе добијат по 30%, но не повеќе од 80.000 денари од инвестицијата за поставена фотонапонска електроцентрала до 6 киловати на покрив-информира министерот.

    Тој информира и дека државата ќе ги помогне и жителите на Куманово и Струмица кои сакаат да се вклучат во гасоводната мрежа.

    – За диверзификација со енергенси Струмица и Куманово се предвидени пари домаќинствата да се вклучат во мрежата до 70% од трошоците, но не повеќе од 20.000 денари – рече Бектеши.

    Тој додаде дека и компаниите кои се одлучиле за инвестиции во енергетски ефикасни објекти или производствени капацитети од енергетиката ќе бидат финансирани преку инвестициската програма. Кај нив ќе се финансира 20 отсто од инвестицијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img