Од ЕВН бараат 7.000 денари за мислење за услуга која не ја ни извршуваат во моментов

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Дали некој во ЕВН ги манипулира граѓаните кои сакаат да постават фотоволтаици на своите домови?

Граѓани тврдат дека побарале само понуда за поставување фотоволтаици во ЕВН, а оттаму им побарале да уплатат 7.000 денари, без притоа да им кажат за што треба да се уплатат тие пари.

Од компанијата велат дека овој износ на пари се наплаќа за мислење за можности за приклучок на дистрибутивна мрежа по направен увид на терен за големи фотонапонски централи што не е обврска за инвеститорите граѓани или компании.

Деновиве граѓани се пожалија дека за понуда за инсталирање на фотоволтаици од страна на ЕВН требале да уплатат 7.000 денари. Дел од нив искуството го споделија и на социјалните мрежи.

– Сакам да поставам фотоволтаици дома. Дознав дека ЕВН поставувале и се јавив на 089012345 да ми дадат понуда, а тие од таму ми велат треба да уплатите 7.000 денари. Не кажуваат каде да уплатам, ниту зошто да уплатам, битно да уплатам. Ми рекоа да доставам и број на парцела за да видат и ќе наместат. На мојата реакција дека барам само понуда ми рекоа дека не може никаква понуда ви дадеме пред да видиме за што се работи – локација, парцела … – сведочи граѓанин.

Тој се чуди зошто му се побарани 7.000 само за понуда.

Од компанијата велат дека износ од 7.000 денари се наплаќа такса одредена од Регулаторната комисија за енергетика која се однесува на плаќање за мислење за можности за приклучок на дистрибутивна мрежа по направен увид во системот односно на терен.

– Оваа такса не е задолжителна и вообичаено се однесува за можности за приклучување на поголеми капацитети, а не и на делот за потрошувач производител (значи не се однесува на домаќинства кои инсталираат фотоволтаици за сопствени потреби на конкретното домаќинство барател). Најчесто инвеститорите на големите капацитети го бараат за да може да ги планираат трошоците за градба на фотонапонска централа – велат од ЕВН.

Маријан Ненов од здружението „Но пасаран“ вели дека во овој случај некој од вработените во ЕВН ги манипулира граѓаните и ги спречува да не поставуваат фотоволтаици.

- Advertisement -
Ad image

– Да, некој манипулира со граѓаните. Точно е дека 7.000 денари се наплаќа, но за мислење за приклучок на дистрибутивната мрежа кое не им е потребно на домаќинствата кои сакаат да произведуваат струја само за себе. ЕВН треба да направи контрола и да види за што станува збор и кој од вработените дава погрешни информации на граѓаните – вели Ненов.

Но, додава тој, граѓаните и фирмите имаат друг проблем кој треба да се реши со ангажман на Регулаторната комисија за енергетика и антимонополската комисија.

– Проблем за граѓаните е тоа што треба да го платат броилото кое се заменува по поставувањето на фотоволтаици, а потоа ЕВН бара да ѝ го отстапат тоа броило. Мое мислење е дека компанијата треба сама да ги замени броилата, а не да наплаќа и потоа да бара да ѝ бидат отстапени. Проблем имаат и компаниите чии фотонапонски централи се поставени во близина на трансформатори на ЕВН. На овие компании најчесто им се вели дека водовите се закупени и покрај тоа што ЕВН има обврска да обезбеди водови до фотонапонските централи. Како може да бидат сите водови закупени, ако се знае дека на тие локации треба да се изградат одреден број фотонапонски централи и кој ги закупува водовите? И со ова прашање треба да се позанимаваат државните институции кои овозможуваат монополска положба на една компанија – вели Ненов.

- Advertisement -
Ad image

Тој вели и дека државата многу бавно ги реализира најавените измени што влијае на намалување на интересот на граѓаните да постават вакви електрани на домовите.

ЕВН за потребите на граѓани и компании инсталира фотонапонски централи, но моментално оваа услуга ја нема за граѓаните.

– Моментално услугата „Клуч на рака“ за домаќинства не е достапна од ЕВН, поради исполнување на капацитетите за надворешни корисници (големи и мали бизнис клиенти) до крајот на годината – велат од ЕВН.

Во однос на цените кои треба да ги плати секој инвеститор и потребните документи оттаму појаснуваат тие завист од типот на објектот (кровната покривка), должината на инсталацијата до местото на приклучување, како и од избраниот производ.

– Согласност за приклучување кај корисници на регулиран пазар кои се под ЕВН Хоме за потрошувач-производител (Домаќинство или компанија која се снабдува од ЕВН Хоме) се издава од страна на КЕЦ (Кориснички енерго центар) во рок од 15 дена од датумот на поднесување на барањето Барање за согласност за приклучување (БСП1). Замената на броилото, доколку е потребно, се врши по добивање на решение за поставување на фотоволтаични панели издадено од општината, при склучувањето на нов договор со ЕВН Хоме. Доколку вкупната моќност на издадените решенија за приклучок за производители и потрошувачи-производители не ја надминува вкупната моќност на производните постројки по трафостаница, се пресметуваат само административни трошоци. Издавање на нова енергетска согласност пак чини 3690 денари. За сите останати случаи се пресметуваат реални трошоци за приклучување – појаснуваат од компанијата.

Ако граѓанин сака да постави фотоволтаици во ЕВН ќе треба да поднесе: барање за нов приклучок, решение за поставување фотоволтаици од општина, имотен лист и ревидиран основен проект со еднополна шема за поврзување на фотоволтаикот.

Кај компаниите кои вложуваат во производство на електрична енергија со фотоволтаици (Снабдувани на отворен пазар на ЕЕ, со идна лиценца за производство на ЕЕ издадена од РКЕ) процедурата е следна:

– Се поднесува барање за приклучок во Електродистрибуција (БСП 2), потоа се добива решение и договор за приклучување и по потпишување и исполнување на условите во договорот се започнува постапката за физичко приклучување.

– Потребни документи приложени кон БСП2 согласно Закон за енергетика и закон за градба се дозвола за градба или решение за поставување на панели на кров и тоа се основни документи.

– Потоа извод од Централен регистар, имотен лист, извод од Катастар, лиценца за производство од Регулаторна комисија за енергетика и основен проект врз основ на кој е добиена дозволата за градба.

– Електродистрибуција има законски рок од 40 дена за издавање на согласност за приклучување и договор за приклучок.

Од компанијата велат дека во зависност од обемот на работа за реализација на приклучокот, времето на приклучување е различно но генерално е опфатено во временски опсег од 70 дена за добивање евентуални дозволи за градба за енергетската инфраструктура за реализација на приклучокот и од 50 дена за физичка реализација на приклучокот. Оваа временска рамка се однесува само на делот на работа која зависи од Електродистрибуција, конечната реализација најчесто е пред наведениот рок.
Share This Article