Од еден преживеан спасувачите отстраниле 26 тони бетон

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ за „Политика“ изјави дека вчера биле сослушани 26 лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, а денеска ќе бидат сослушани уште петмина. Тој порача дека ќе се утврди кривична и политичка одговорност за виновниците за несреќата.

Дачиќ изјави дека во на 1 ноември во 11.58 часот дошла информацијата за падот на настрешницата и дека за 10 минути сите возила и служби за итна помош пристигнале на железничката станица во Нови Сад.

Како што рече, за жал само тројца, од седумнаесет лица кои биле таму, преживеале и истакна дека состојбата на повредените е се уште сериозна и дека се работи за тешки физички повреди.

Дачиќ додаде дека на повредениот млад човек и на едното девојче им биле ампутирани двете нозе, додека на другата девојка, која спасувачите првично не можеле да ја видат, туку само ја слушнале под урнатините, и била ампутирана раката.

Тој изјави дека конструкцијата што се урна врз луѓето што седеа под неа е многу тешка и дека на пример, од едно лице кое преживеало отстранети се 26 тони бетон.

– Ја најдов таа жена кога дојдов. Беше на самиот агол од оградата и само главата и беше испакната, додека се останато беше покриено со бетон. Таа гледаше во нас. Спасувачот ризикувајќи го животот влезе под бетон да и даде вода и да и приклучи инфузија – рече министерот за внатрешни работи.

На прашањето кој е одговорен, Ивица Дачиќ рече дека тоа повеќе не е надлежност на МВР, туку дека Обвинителството ја води истрагата.

– По наредба на обвинителот, во просториите на ПУ Нови Сад, со координација на Управата за криминалистичка полиција и во присуство на обвинители, сослушавме дваесетина лица. Станува збор за луѓе од Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на чело со министерот, државниот секретар, раководителот на секторот за инспекциски надзор, раководителот на секторот за градежна инспекција и градежен инспектор. Значи, пет лица од министерството -рече Дачиќ.

На прашањето дали некој е приведен, тој одговори дека информациите се само собрани. Дачиќ рече сослушани се директорот на Заводот за заштита на спомениците на културата од Нови Сад, седум лица од „Железница Србија“ на чело со генералниот директор Горан Аџиќ, седум лица од компанијата „Инфраструктура железница Србија“ на чело со генералниот директор Јелена Танасковиќ и луѓе кои се директно одговорни за задачите поврзани со реконструкција.

- Advertisement -
Ad image

– Секако, и директорот и изведувачот, одговорното лице, главниот инженер за извршување на работите, одговорното лице кај подизведувачот, одговорното лице во надзорниот орган, проектантот, директорот на сообраќајниот институт ЦИП… Таму беа вкупно 26 сослушувања – рече Дачиќ.

Тој додаде дека денеска ќе бидат сослушани уште пет лица, а од Заводот за заштита на спомениците во Нови Сад ќе биде земена документација во врска со согласноста за реконструкција, доградба и адаптација на железничката станица и како што рече, ќе се подигне и документација за периодични прегледи на објектот и ќе се чека наодот на вештачењето.

Зборувајќи за доказите кои се заштитени, Дачиќ рече дека се работи за метални кабли и дека тие се скриени на безбедна локација за никој да не ги уништи.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article