More

    Од денеска се воведува тричасовна рестрикција во водоснабдувањето во Дебар, и тоа во периодот од 13 до 16 часот

    spot_img

    Од денеска се воведува тричасовна рестрикција во водоснабдувањето во Дебар, и тоа во периодот од 13 до 16 часот.

    Според Бурим Каба, директор на Јавното комунално претпријатие „Стандард“ кое стопанисува со водоводот Росоки-Дебар, рестрикциите се поради нерационално користење на водата.

    – И покрај нашите апели за рационално користење на водата за пиење, корисниците продолжија со старата навика. Поради тоа се јави проблем во водоснабдувањето во повисоките делови на градот, па сме принудени да ја воведеме непопуларните мерка – рестрикција – рече Каба за МИА.

    По три часа дневно вода нема да имаат корисниците од населбите Венец1, Венец2, Ќернаница, како и главната улица во градот 8 Септември.

    Во тој период, според Каба ќе се овозможи вода да добијат другите населби во повисокиот дел на градот а кои деновиве, поради намалениот притисок, немале вода со часови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img