Од денеска државата е зафатена со високи температури од портокалова фаза, бремените жени и хронично болните да не одат на работа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од денеска државата е зафатена со високи температури од портокалова фаза. Поради тоа, Владата донесе препораки за ослободување од работа на бремените жени и хронично болните лица.

Во градинките се препорачува да не се практикува физичка активност на отворено и да не се изнесуваат децата надвор од 11 до 17 часот. Работодавачите да ги почитуваат законските обврски во насока на одредени технолошки и производни процеси, кои претставуваат дополнителен ризик за здравјето на работниците.

Во периодот од 11 до 17 часот граѓаните да не се изложуваат непотребно на сонце.

Се апелира и до граѓаните внимателно да се движат во шумите и да избегнуваат дејствија кои на отворен простор можат да предизвикаат пожар.

Поради високите температури, од Црвениот крст на Град Скопје најавија дека 30 обучени волонтери ќе патролираат на најфекфентните локации во градот – автобуски постојки, амбуланти, пазари… од 21 до 28 јули.

– Тимовите ќе делат шишиња вода, а по потреба ќе вршат мерење на крвниот притисок на граѓани кои ќе се пожалат на здравствени проблеми. Сите граѓани ќе добијат совети за начините за превенција од високите температури. Во интервентни случаи, доколу се забележи посериозен здравствен проблем, тимовите ќе врашат транспорт до најблиската здравствена установа, или пак до домот на лицето кое има потреба од терапија во домашни услови – информираа од Црвениот крст на Град Скопје.

Во пунктот за бездомници на Црвниот крст во Момин Поток на располагање е и мобилниот телефон  071/223-972 за дојави од граѓани за бездомници кои се погодени од топлотниот бран.

Share This Article