More

    Од денеска до 15 март е задолжителна зимска опрема во возилата

    spot_img

    Од денеска до 15 март, возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

    Kако зимска опрема на моторните возила кои не надминува 3.500 килограми се зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 4 милиметри и пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.

    За моторни возила со погон на четири тркала (4×4): зимски пневматици на сите 4 тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм и пневматици со летен профил на сите 4 тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

    За моторни возила кои надминува 3.500 килограми, зимска опрема се зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм, пневматици со летен профил на сите 4 тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;

    Автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

    Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, „M+S”, „M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.

    Во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.
    Од МВР апелираат возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img