More

    Од Анчелоти побараа коментар за судењето, а тој грмеше: „Нема да се наведнам на нивото на Барселона“

    spot_img

    Искусниот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше незадоволен од судењето на дербито против Атлетико.

    Без победник 1:1 заврши натпреварот помеѓу Реал и Атлетико во 23.коло во Ла Лига. Реал поведе со голот на Брахим Дијаз во 20. минута, а Маркос Љоренте им донесе бод на упорните гости во третата минута од судиското надополнување.

    Во последно време има многу забелешки за судиите во Шпанија. Барселона тврдеше дека Реал имал помош од судијата, особено по мечот со Алмерија кога три дискутабилни ВАР одлуки отидоа во корист на Мадрид. Тогаш тренерот на Барса Чави и претседателот на Лапорта жестоко го осудија нивниот голем ривал.

    Анчелоти по дуелот со Атлетико почувствува дека неговиот тим е оштетен, но не сакаше во иста мера да и возврати на Барселона.

    „Јас сум професионалец и нема да се наведнам на нивното ниво и да покажам непочитување кон шпанскиот фудбал. Не ме прашувајте повеќе за тоа, не сакам да се наведнам на тоа ниво, бидејќи таму нема професионализам“, изјави Анчелоти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img