More

    Од 29-ти јули до 1-ви август на локацијата во поранешната касарна ќе се одржи шестото издание на фестивалот „Ohrid calling“

    spot_img

    Од 29-ти јули до 1-ви август на локацијата во поранешната касарна ќе се одржи шестото издание на фестивалот „Ohrid calling“. На фестивалот е најавена богата музичка програма со настап на неколку врвни светски ѕвезди од електронската музика или вкупно 22 артисти. Во пресрет на фестивалот, денес се одржа прес конференција на која говореа градоначалникот Кирил Пецаков и претставникот на „Авалон продукција„, Бобан Милошески.

    – На мое големо задоволство, Охрид и оваа летна сезона е еден од најатрактивните центри во регионот, кој може да се пофали со музичка забава и концертни настани од светски ранг. За овој епитет голема заслуга имаат докажаните професионалци од „Авалон продукција“, како главни креатори на фестивалскиот бренд „Ohrid calling“, кој ги носи во Охрид најпознатите ѕвезди од електронската музика.

    Со организирањето на овој фестивал, Охрид зазема препознатливо место на мапата на музички настани и привлекува бројна публика од цела Европа.

    Четиридневното случување, значително ја збогатува и туристичката понуда за гостите и туристите кои веќе летуваат тука.

    Сметам дека оваа современа фестивалска приказна треба да продолжи да живее и да се надградува и затоа Општина Охрид го поддржува настанот отстапувајќи ја инфрструктурата.

    Верувам во капацитетот и искуството на Авалон и убеден сум дека и оваа година, љубителите на електронската музика ќе уживаат во неповторливи музички настани и ќе понесат најубави спомени од Охрид.

    Оваа можност ја користам да апелирам до посетителите и целокупната публика да ги почитуваат сите мерки на безбедност и примерно однесување, кои се пропишани од организаторите, а до граѓаните на Охрид упатувам порака за поголемо трпение и гостопримливост кон гостите на фестивалот.

    Уште еднаш, благодарност до Авалон за начинот на кој го промовираат Охрид како туристичка дестинација, со надеж дека ова фестивалско случување ќе продолжи да се организира и во иднина, со уште попривлечна програма и светски имиња – истакна Пецаков.

    Менаџерот на “Авалон продукција“, Бобан Милошески се заблагодари за севкупната помош од Општина Охрид  и најави вистински спектакл за продолжениот викенд. Според Милошески “Ohrid calling“ станува голем европски центар, кога се електронска музика и овој тип на настани во прашање.

    – Секоја година се трудиме да донесеме некое име, кое не само што никогаш не било во Охрид , туку ни во регионот. Така сега го имаме  Timmy Trumpet, кој е меѓу топ 10 ди-џеи за 2022 година, но интересно е што тој има премиера на Балканот. Во понеделник е неговиот настап. Првиот ден е настап на Lost Frequnecies, кој што беше многу одамна во 2016/2017 година. Во сабота е Vini Viki, кои мислам дека е најголем миленик на македонската публика, во недела се W&W кој се пионери во краут контроли и некои други работи кои ја одбележуваат оваа музичка сцена. Диџеи од цел свет, од Австралија, Јапонија, Холандија, Германија, Македонија, доаѓаат во Охрид – истакна Милошески

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img